свет

Украина собра над 10 милиони долари од донации во криптовалути

„Но, не се донираат само криптовалути - луѓето исто така испраќаат незаменливи токени (NFT) на сметката за етерум на украинската Влада“ , се вели во извештајот

Aysu Biçer  | 28.02.2022 - Обновена : 01.03.2022
Украина собра над 10 милиони долари од донации во криптовалути

АНКАРА (АА) - Украина од почетокот на војната со Русија собра повеќе од 10 милиони долари преку илјадници донации во криптовалути, објави компанијата за анализа на блокчејн „Елиптик“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Официјалниот профил на украинската Влада на Твитер во четвртокот обезбеди две сметки за криптовалути - едната само за примање биткоин, а другата за преземање етерум и тетер.

„На сметките наведени во објавите на Твитер веќе пристигнале 10,2 милиони долари преку 12.799 трансакции“, според анализите на компанијата.

„Елиптик“ истакна дека вкупните крипто донации за украинската Влада и невладините организации кои ја поддржуваат војската сега изнесуваат 16,7 милиони долари.

Се наведува дека речиси 1,86 милиони долари од парите донирани на Владата на Украина биле генерирани преку продажба на незаменлив токен, или Ен-еф-ти (NFT), првично наменет за собирање средства за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

„Неколку милиони долари донации во криптовалути се примени и од 'Come Back Alive', украинска невладина организација која ја поддржува војската“, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека платформата за креирање содржина „Патреон“ (Patreon) објавила дека ја суспендирала страницата на „Come Back Alive“ поради прекршување на политиката како резултат на нејзината активност кон полето на војската.

Се додава дека поголемиот дел од донациите добиени досега се во биткоин и етерум, и покрај тоа што стабилните монети од американски долари придонесуваат со извонреден процент.

„Но, не се донираат само криптовалути - луѓето исто така испраќаат незаменливи токени (NFT) на сметката за етерум на украинската Влада“ , се вели во извештајот.

Се чини дека биткоинот и другите криптовалути ќе привлечат дури и голема дискусија во иднина со најновото нивно користење во руско-украинскиот конфликт, што отвора нова страница во таквата дебата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.