Турција ги осуди изјавите на заменик-министерот за надворешни работи на Грција
„Најостро ги осудуваме неморалните изјави на заменик-грчкиот министер за надворешни работи, Милтиадис Варвициотис за нашата земја и нашиот претседател во интервју за тв канал, кои не се во согласност со политичката и дипломатската практика.“

АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција ги осуди изјавите на заменик-министерот за надворешни работи на Грција против Турција и нејзиниот претседател, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Најостро ги осудуваме неморалните изјави на заменик-грчкиот министер за надворешни работи, Милтиадис Варвициотис за нашата земја и нашиот претседател во интервју за телевизискиот канал, кои не се во согласност со политичката и дипломатската практика“, се наведува во соопштението од Министерството.
Се додава дека грчките официјални претставници и понатаму упорно се впуштаат во провокативни акции и реторика за подигање на напнатоста кон Турција.
„Анкара тие работи и реториката ги смета за намерни во периодот на новите чекори преземени за одржување на дијалогот меѓу двете земји“, соопшти Министерството.
„Турција го повикува грчкото политичко раководство да покаже здрав разум и искреност за каналите на дијалогот меѓу двете земји повторно да функционираат“, се наведува во соопштението.
Турција, која има најдолг континентален брег во Источниот Медитеран, ги отфрли барањата за поморска граница меѓу Грција и Администрацијата на кипарските Грци, велејќи дека нивните прекумерни барања ги кршат суверените права на Турција и кипарските Турци.
Минатата година Анкара испрати неколку бродови за дупчење и истражување на истокот на Медитеранот, потврдувајќи ги своите права во регионот, како и правата на Турската Република Северен Кипар (TRNC).
Турските лидери повеќепати нагласија дека Анкара се залага за решавање на отворените проблеми во регионот со меѓународното право, добрососедските односи, дијалог и преговори.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.