Балкан

Претседателот на Собранието на Албанија оствари средба со известувачот за Албанија во Европскиот парламент

- „За време на средбата разговарано е за текот на процесот за членство во ЕУ, постигнатите резултати во продолжувањето на реформите...“

Fatjon Cuka  | 29.01.2026 - Обновена : 29.01.2026
Претседателот на Собранието на Албанија оствари средба со известувачот за Албанија во Европскиот парламент

ТИРАНА (АА) - Претседателот на Собранието на Албанија, Нико Пелеши, денес оствари средба со постојаниот известувач на Европскиот парламент (ЕП) за Албанија, Андреас Шидер, пренесува Анадолу.

Според соопштението од Собранието на Албанија, за време на средбата разговарано е за текот на процесот за членство во ЕУ, постигнатите резултати во продолжувањето на реформите, особено во областите на владеењето на правото, реформата во правосудството и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Претседателот Пелеши го истакна зголемувањето на улогата на Собранието во процесот за членство и продолжувањето на преговорите, преку законски и структурни подобрувања, со цел зајакнување на законодавната функција и парламентарниот надзор, со посебен фокус на усогласувањето на албанското законодавство со стандардите на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Исто така, нагласена е широката јавна поддршка, како и потребата и значењето на политичкиот и парламентарниот консензус и преземањето заедничка одговорност за европската интеграција.

„Во фокусот на дискусијата беше и напредокот во исполнувањето на критериумите од поглавјата 23 и 24, слободата на медиумите, зајакнувањето на независните институции и следењето од страна на Собранието на препораките на Европската комисија за 2025 година. Беа оценети пристапот заснован врз резултати и важноста на практичната примена на трансформациските реформи“, се истакнува во соопштението.

Според Собранието, Пелеши ја оцени „континуираната поддршка на Европскиот парламент за забрзување на членството на Албанија“.

Во меѓувреме, Шидер, според соопштението, го реафирмираше ангажманот за поддршка на напредокот на земјата преку зголемување на интеракцијата меѓу Европскиот парламент и Собранието на Албанија.

Постојаниот известувач на ЕП за Албанија, Андреас Шидер, е во посета на Албанија во рамките на својата годишна мисија за прибирање факти.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.