Ahmet Gençtürk
26 Јануари 2026•Ажурирај: 27 Јануари 2026
АТИНА (АА) – Тројца работници загинаа, а двајца се водат како исчезнати по огромна експлозија во фабрика за бисквити во централниот грчки град Трикала, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Во времето на експлозијата, која се случила околу 4 часот наутро по локално време, на смена биле од 12 до 13 работници, соопшти јавниот сервис ЕРТ, додавајќи дека неколку часа по инцидентот биле пронајдени три јагленисани тела.
Во тек се операциите за пронаоѓање на уште двајца работници што се водат како исчезнати, објави ЕРТ.
Седуммина работници се однесени во блиската Општа болница во Трикала, според локалните медиуми.
Причините за експлозијата се непознати.