Две лица загинаа во силните поплави во Грција
Грција е погодена од интензивни дождови, грмотевици, ветрови и снежни врнежи
ИСТАНБУЛ (АА) - Две лица загинаа вчера во Грција, откако поројните дождови, силните ветрови и снег го погодија поголемиот дел од земјата, јавува Анадолу.
Педесет и шестгодишна жена загина во јужна Атина откако беше удрена од автомобил кој беше носен од поплавите, објави дневниот весник „Катимерини“.
Претходно, 53-годишен припадник на Крајбрежната стража, исто така, загина откако беше повлечен во морето од силен бран во источен Пелопонез.
Грција е погодена од интензивни дождови, грмотевици, ветрови и снежни врнежи од раните утрински часови вчера, а се очекува екстремните временски услови да траат до денес.
Шест региони се ставени во состојба на мобилизација, додека повеќе домови се евакуирани низ целата земја како мерка на претпазливост.
