Сојузот на синдикатите на Македонија организираше протест за зголeмување на платите
- Демонстрантите се собраа пред зградата на ССМ, барајќи пратениците брзо да одобрат законски измени што би гарантирале подостоинствен живот за работниците
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) организираше протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра за сите други плати, јавува Анадолу.
Демонстрантите се собраа пред зградата на ССМ, барајќи пратениците брзо да одобрат законски измени што би гарантирале подостоинствен живот за работниците.
Во својот говор, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, најави продолжување на протестите доколку нивните барања не бидат исполнети.
„Бараме итно да се донесат измени на Законот за плати. Ако до крајот на неделата не се изгласаат измените ќе блокираме улици, институции и генерален штрајк. Ако не се случи тоа ќе собереме 10 илјади потписи и ќе станеме предлагач и ќе бараме намалување на функционерските плати за 80 отсто и зголемување на работничките плати за 100 евра и минималната на 600 евра“, рече Трендафилов.
„Масовната присутност на протестот го побива фактот дека само на малкумина им требало заголемување на платите. Масовноста покажува дека народот е со синдикатот“, ијави тој.
Тој порача дека синдикатот и граѓаните веќе нема да молчат туку ќе се борат за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
