Туристите ја посетуваат џамијата-катедрала во Кордоба и покрај неодамнешниот пожар
Историскиот објект, второто по посетеност место во Кордоба, останува отворен но со ограничен пристап во близина на опожареното подрачје поради безбедносни причини

СКОПЈЕ (АА) – Џамијата-катедрала во Кордоба, во Андалузија, Шпанија, бележи голема посетеност од туристите во летните месеци и покрај неодамнешниот пожар, јавува Анадолу.
Историскиот објект, второто по посетеност место во Кордоба, останува отворен но со ограничен пристап во близина на опожареното подрачје поради безбедносни причини.
Пожарот, во услови на големиот топлотен бран што ја зафати земјата, избувна на 8 август зафаќајќи една од страните на објектот. Според наводите, пожарот бил предизвикан од батерија на чистач, кој се проширил кон внатрешните простории на историската зграда.
Инаку, Големата џамија во Кордоба, некогашна престолнина на умајадскиот калифат во Шпанија, е едно од најпознатите исламски знаменитости од тој период. Градена од 785. до 987 година, беше најголема џамија во Шпанија и величествен пример на мавританската архитектура.
Таа едно време беше најголема џамија во светот, а во 1236 година, откако Кордоба повторно ја освоија христијанските сили на кралот Фердинанд III од Кастиња, џамијата беше претворена во христијанска црква, а до 16 век во катедрала. Поголемиот дел од минарињата на Големата џамија се срушени и на неа е изградена црковна камбанарија.
Оваа важна знаменитост УНЕСКО во 1984 година ја стави на Листата на светското културно наследство и ја означи како Џамија-катедрала во Кордоба.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.