свет

Сирија: Во руски напад врз Алепо, десет мртви и 25 повредени

Како што рече претставник од цивилната заштита, во бомбашкиот напад на селото Бустан ал-Каср, Баб Адид Ансари, станува збор за загинати цивили

Halit Süleyman, Selen Temizer  | 22.04.2016 - Обновена : 23.04.2016
Сирија: Во руски напад врз Алепо, десет мртви и 25 повредени

Aleppo

АЛЕПО (АА) - Во воздушните напади на руските авиони врз сирискиот Алепо загинаа десет а повредени се 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што рече Ибрахим Абу Леис од цивилната заштита, во бомбашкиот напад на селото Бустан ал-Каср, Баб Адид Ансари, загинаа десет цивили а додека 25 се ранети.

Повредените беа пренесени во локалната болница.

Воздушните напади во Русија почнаа на 30-ти септември минатата година. Иако акциите беа најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, руските авиони ги бомбардираа упориштата на умерената сириска опозиција во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо.

На 14-ти март 2016 година беше донесена одлука за намалување на военото присуство во Сирија. По привременото примирје постигнато на 27-ми февруари, Русија во голема мера ги прекина нападите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın