Турција, Балкан

Началникот на Генералштабот на Турција, генерал Ѓурак, се сретна со генерал-мајор Лафчиски во Анкара

- Генерал Ѓурак со официјална церемонија во седиштето на Генералштабот го пречека генерал-мајор Лафчиски, кој престојува во посета на Турција.

Fatma Sevinç Çetin  | 21.07.2025 - Обновена : 21.07.2025
Началникот на Генералштабот на Турција, генерал Ѓурак, се сретна со генерал-мајор Лафчиски во Анкара

АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на Турција, генерал Метин Ѓурак, се сретна со началникот на Генералштабот на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, известува Анадолу.

Генерал Ѓурак со официјална церемонија во седиштето на Генералштабот го пречека генерал-мајор Лафчиски, кој престојува во посета на Турција.

По интонирањето на националните химни на двете земји, генерал-мајор Лафчиски ја поздрави почесната гарда.

По церемонијата, генерал Ѓурак и Лафчиски одржаа состанок зад затворени врати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.