свет

Турскиот центар за борба против дезинформации ги отфрла тврдењата дека земјата ги таргетира Друзите во Сирија

- Ваквите обвинувања се дел од „јасна кампања за дезинформации насочена кон искривување на надворешната политика на Турција“, се вели во соопштението на центарот

Esra Tekin  | 20.07.2025 - Обновена : 20.07.2025
Турскиот центар за борба против дезинформации ги отфрла тврдењата дека земјата ги таргетира Друзите во Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот центар за борба против дезинформации во саботата силно ги отфрли тврдењата дека земјата ги таргетира Друзите во Сирија, известува Анадолу.

Во соопштението издадено од Центарот се вели дека систематски се ширела во одредени медиуми провокативна и погрешна содржина, во која се тврди дека Турција ја таргетира заедницата Друзи што живее во Сирија.

Во соопштението се нагласува дека ваквите обвинувања се дел од „јасна кампања за дезинформации насочена кон искривување на надворешната политика на Турција“, која се темели врз хуманитарни принципи.

„Турција води решителна и принципиелна надворешна политика заснована на почитување на човековите права и почитување на меѓународното право, со фокус на регионалниот мир и стабилност. Пристапот на Турција, која постојано го поддржува политичкото единство, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, не дозволува етничка, верска или секташка дискриминација, примарна грижа е заштитата на човековото достоинство и основните права“, се додава во соопштението.

Цитирајќи ги забелешките на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека ставот на Турција за Сирија не се базира врз етнички или секташки идентитет, во соопштението се вели дека врз ова разбирање се водат сите активности за хуманитарна помош на земјата и дипломатските иницијативи на теренот.

Од почетокот на сириската криза, раселените Сиријци се добредојдени без никаква дискриминација, а програмите за хуманитарна помош и социјална поддршка се спроведуваат за да ги опфатат сите групи, објави центарот.

„Ниедна сириска заедница не е исклучена и секој е третиран подеднакво, без оглед на неговиот секташки или етнички идентитет. Јасно е дека одредени кругови што ги упатуваат овие неосновани обвинувања против Турција имаат за цел да предизвикаат превирања меѓу религиозните групи во рамките на чувствителната демографска структура на регионот.“

„Тие јасно спроведуваат геополитичка, пропаганда од личен интерес. Турција решително продолжува да ги исполнува своите одговорности во обезбедувањето регионален мир, стабилност и социјална кохезија. Се зазема цврст став против активностите на разделување и сценаријата на секташки конфликти што го загрозуваат политичкото единство, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, а на ваквите иницијативи никогаш не им се дава основа“, се додава во соопштението.

Центарот, исто така, објави дека продолжуваат да се грижат националната и меѓународната јавност да бидат точно информирани во светлината на фактите.

Апелираат да не се верува во содржината која е непроверена, искривена или произведена за тенденциозни цели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın