Балкан

Министерот за економија и труд на Северна Македонија се сретна со азербејџанскиот колега

- Министерот за економија и труд на Северна Македонија, Бесар Дурмиши, се сретна со министерот за економија на Република Азербејџан, Микаил Џабаров, по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји

Dzihat Aliju  | 21.07.2025 - Обновена : 21.07.2025
 Министерот за економија и труд на Северна Македонија се сретна со азербејџанскиот колега

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за економија и труд на Северна Македонија, Бесар Дурмиши, денес оствари средба со официјална делегација на Република Азербејџан, предводена од министерот за економија Микаил Џабаров, по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, пренесува Анадолу.

„Вашата посета денес не е само дипломатски гест туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за паметење, но и можност за визија за зајакнување и продлабочување на нашата економска и стратегиска соработка“, нагласи министерот Дурмиши, според соопштението од Министерството за економија и труд на Северна Македонија.

За време на средбата беше истакнат интересот за соработка во областите енергетика, земјоделство, туризам, фармација, инфраструктура и инвестиции во мали и средни претпријатија.

Министерот Дурмиши рече дека овој состанок претставува мост кон јужниот гасен коридор, кон кавкаските пазари и кон заедничка, стабилна и економски поврзана иднина.

„Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново и посилно партнерство“, рече министерот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.