свет

САД: „Најк“ под истрага поради тврдења за дискриминација на вработените белци

Побарано е „Најк“ да обезбеди информации поврзани со обвинувањата, и целите за диверзитет, еднаквост и инклузија за 2025 година и други цели

Asiye Latife Yılmaz  | 05.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
САД: „Најк“ под истрага поради тврдења за дискриминација на вработените белци

ИСТАНБУЛ (АА) - Американската Комисија за еднакви можности за вработување (EEOC) соопшти дека отворила истрага за компанијата „Најк“ поради наводи дека дискриминирала белци вработени и кандидати за работа.

Комисијата побарала „Најк“ да обезбеди информации поврзани со обвинувањата, и целите за диверзитет, еднаквост и инклузија за 2025 година и други цели.

ЕЕОС истражува дали компанијата практикува различен третман кон вработените белци, кандидатите за работа и учесниците во програмите при вработување, унапредување, деградирање или отпуштање, како и во рамките на практикантски и програми за кариерен развој.

Комисијата поднесе барање до „Најк“ да достави документи што датираат од 2018 година, вклучително и критериуми за отпуштања, користење податоци за расата и етничката припадност на вработените, како информации за програми за менторство и обука. Откако компанијата не ги достави сите побарани материјали, Комисијата поведе извршна постапка пред федерален суд.

„Имавме обемна и чесна соработка во истрагата на EEOC во врска со нашите практики, програми и одлуки и продолжуваме да вложуваме напори да обезбедиме информации и да соработуваме конструктивно со Комисијата“, соопшти портпаролот на „Најк“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.