Балкан

Антивладин протест во Албанија, властите со високи безбедносни мерки

- Протестот, организиран од опозициската Демократска партија, се одржа пред седиштето на пленарните сали на Собранието на Албанија, со барање за оставка на премиерот Еди Рама

Fatjon Cuka  | 12.03.2026 - Обновена : 12.03.2026
Антивладин протест во Албанија, властите со високи безбедносни мерки

ТИРНА (АА) - Во главниот град на Албанија, Тирана, се одржа антивладин протест, а властите презедоа високи безбедносни мерки, јавува Анадолу.

Протестот, организиран од опозициската Демократска партија, се одржа пред седиштето на пленарните сали на Собранието на Албанија, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Протестот се случи за време на пленарната седница на Собранието, на која се разгледуваше барањето на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) за одобрување на мерката „апсење/лишување од слобода“ за поранешната заменик-премиерка и поранешна министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку, барање што беше одбиено.

На протестот по завршувањето на седницата присуствуваа претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, како и пратеници од опозицијата. При обраќањето Бериша рече дека демонстрантите протестираат „во одбрана на Уставот и во одбрана на човечкото достоинство“.

Властите презедоа дополнителни безбедносни мерки, ангажирајќи стотици полицајци за контрола на протестот и за обезбедување на институциите, како и блокирање на неколку сообраќајници.

Денес на седницата беше одбиено барањето на СПАК за случајот на Балуку, која е обвинета за кривично дело „повреда на рамноправноста на учесници на тендери или јавни аукции“.

Парламентарното мнозинство тврди дека за случајот на Балуку нема обвинение за корупција ниту за попречување на правдата, додека опозицијата инсистира за поддршка на барањето на обвинителството бидејќи, според Демократската партија, Балуку „ризикува уништување на доказите“.

Во последните месеци во Албанија се одржуваа антивладини протести со барање за оставка на премиерот Еди Рама, при што некои протести беа проследени со тензии, а пратениците од опозицијата најавија нивно продолжување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.