свет

Рускиот суд го казни „Фејсбук“ со 17, а „Телеграм“ со 10 милиони рубли

Судот пресуди дека споменатите компании не го почитувале законот поради фактот што на забранетата содржина во Русија може да се пристапи преку „Фејсбук“ и „Телеграм“

Emre Gürkan Abay  | 10.06.2021 - Обновена : 12.06.2021
Рускиот суд го казни „Фејсбук“ со 17, а „Телеграм“ со 10 милиони рубли

МОСКВА

Рускиот суд го казни „Фејсбук“, платформата на социјални медиуми, со 17 милиони рубли и апликацијата за размена на пораки „Телеграм“ со 10 милиони рубли поради кршење на административните правила, јавува Агенција Анадолија (АА).

Случајот на Федералната агенција за надзор на информатичките технологии и масовните медиуми (Роскомнадзор) против „Телеграм“ и „Фејсбук“ беше спроведен во судот „Тагански“ во Москва.

Судот пресуди дека споменатите компании не го почитувале законот поради фактот што на забранетата содржина во Русија може да се пристапи преку „Фејсбук“ и „Телеграм“.

Поради тоа, „Фејсбук“ е казнет со 17 милиони рубли (околу 194.000 евра), а „Телеграм“ со 10 милиони рубли (околу 114.096 евра).

Роскомнадзор претходно од слични причини поднесе тужби против платформите на социјалните медиуми како што се „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „ТикТок“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın