Рускиот суд ги осуди на доживотен затвор сторителите на нападот врз концертната сала во Москва пред две години
- Напаѓачите влегоа во салата и отворија оган врз присутните. 149 лица беа убиени, а повеќе од 600 посетители на концертот беа ранети од огнено оружје или се здобија со изгореници
МОСКВА (АА) – Рускиот суд денес ги осуди на доживотен затвор четворицата сторители на нападот врз концертната сала „Крокус“ во 2024 година, jавува Анадолу.
Во соопштението на Вториот западен окружен воен суд се наведува дека Шамсидин Фаридуни, Далерјон Мирзоев, Мухамадсобир Фаизов и Саидакрами Рачабализода се прогласени за виновни за извршување на нападот.
На судењето се опфатени вкупно 19 лица, при што преостанатите 15 се обвинети за помагање и поттикнување на сторителите.
Во март 2024 година, Фаридуни, Мирзоев, Фаизов и Рачабализода извршија координиран терористички напад врз цивили во концертната сала „Крокус“ во Красногорск, област во Москва.
Напаѓачите влегоа во салата и отворија оган врз присутните.
Како резултат на тоа, според официјалните податоци, убиени беа 149 лица, а повеќе од 600 посетители на концертот беа ранети од огнено оружје или се здобија со изгореници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
