свет

Поднесена тужба против ЧетЏПТ за „помагање“ во смртоносен училиштен напад во Канада

Семејството на ученик кој беше тешко повреден за време на вооружените напади на 10 февруари во училиште во Британска Колумбија, го тужи ОпенАИ, креаторот на чет-ботот со вештачка интелигенција ЧетЏПТ

Şilan Turp  | 10.03.2026 - Обновена : 11.03.2026
Поднесена тужба против ЧетЏПТ за „помагање“ во смртоносен училиштен напад во Канада

АНКАРА (АА) – Во Канада денес е поднесена тужба во која се тврди дека користењето на ЧетЏПТ за планирање чин резултирало со второто најсмртоносно пукање во училиште во историјата на земјата, јавува Анадолу.

Семејството на ученик кој беше тешко повреден за време на вооружените напади на 10 февруари во училиште во Британска Колумбија, го тужи ОпенАИ, креаторот на чет-ботот со вештачка интелигенција ЧетЏПТ.

Семејството тврди дека компанијата знаела дека сторителот планира масовен напад.

Во тужбата доставена до судот, семејството тврди дека ЧетЏПТ делувал на начин што му помогнал на напаѓачот.

Од ОпенАИ претходно изјавија дека ја прегледале активноста на напаѓачот во апликацијата неколку месеци пред инцидентот и го деактивирале профилот, но не ја пријавиле ситуацијата во полиција.

Беше објавено дека 10 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, ги загубиле своите животи, а 27 други се повредени во пукањата извршени во училиштето во Британска Колумбија.

Овој инцидент беше евидентиран како второ најсмртоносно пукање во училиште во историјата на земјата, по масакрот во Политехничкото училиште во Монтреал во 1989 година, во кој беа убиени 14 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın