свет

Русија прогласи дипломат од Северна Македонија за непожелно лице

„На амбасадорката ѝ е дадена нота во врска со тоа дека вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелна личност“

Dmitri Chirciu   | 10.06.2021
Русија прогласи дипломат од Северна Македонија за непожелно лице

МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека дипломат вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на ова министерство се потсетува дека Северна Македонија минатиот месец прогласи еден руски дипломат за персона нон грата.

Според соопштението, амбасадорката на Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска, била повикана во руското МНР.

„На амбасадорката ѝ е дадена нота во врска со тоа дека вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелно лице“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се вели дека оваа мерка е донесена против, како што се нагласува, одлуката без причина од македонска страна за депортирање на руски дипломат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.