Burç Eruygur
06 Мај 2024•Ажурирај: 07 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 35 се повредени во напад на украински беспилотни летала во руската погранична област Белгород, соопштија денес локалните власти, пренесува Анадолу.
Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, на Телеграм изјави дека два автобуса и патнички автомобил што превезувале луѓе на работа биле нападнати со дронови во близина на селото Березовка во подрачјето на Борисовски во областа.
„За жал, како резултат на експлозијата, шест лица загинаа на лице место... Изразувам искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите жители“, рече Гладков.
Понатаму тој истакна дека се повредени 35 лица, меѓу кои две деца со „површни повреди“ и маж со продорна абдоминална рана на кој му е извршена операција.
Гладков додаде дека останатите, кои се здобиле со рани од шрапнели, со брза помош се пренесени во регионалните медицински установи.
Истражниот комитет на Русија започна истрага за нападот.
Украинските власти сѐ уште не се имаат огласено за нападот.