Путин: „Регионалните конфликти на Блискиот Исток можат да се претворат во глобална војна“
„Постои сериозна потреба за разговор за стабилноста и безбедноста на светскиот поредок. Петте нации треба да ги елиминираат причините што можат да предизвикаат војна“, рече Путин

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека регионалните конфликти во Блискиот Исток можат да се претворат во глобална војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи во руското Федерално собрание во Москва, Путин изјави дека постои потреба од сериозни разговори во врска со меѓународната безбедност и стабилност, а особено петте нуклеарни држави имаат „одговорност во однос на развојот на човештвото“.
„Регионалните конфликти можат брзо да се претворат во закани за меѓународната безбедност. Постои сериозна потреба за разговор за стабилноста и безбедноста на светскиот поредок. Петте нации треба да ги елиминираат причините што можат да предизвикаат војна“, рече Путин.
Тој истакна дека Русија се чувствува безбедна во моментот, имајќи го најновото оружје што „ниту една друга земја го поседува“, но земјата мора да се развива понатаму.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.