Балкан

Мицкоски: „Западен Балкан географски припаѓа на Европа“

Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна, бидејќи нашиот пат започне пред 25 години, но би рекол, поради вештачки причини, ние сѐ уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, истакна премиерот на Северна Македонија, Кристијан Мицкоски

Oktaj Omeragikj  | 17.12.2025 - Обновена : 17.12.2025
Мицкоски: „Западен Балкан географски припаѓа на Европа“

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Кристијан Мицкоски денес во Брисел учествува на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, известува Анадолу.

Премиерот Мицкоски во придружба на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, на влезот на халата кадешто се одржува Самиот на ЕУ и Западен Балкан им се обрати на новинарите.

„Добро е кога Западен Балкан е во оптиката на Европската Унија. Тоа е охрабрувачки за граѓаните на Западен Балкан, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, бидејќи Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрирa во рамките на Европската Унија“, истакна Мицкоски и додаде:

„Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна, бидејќи нашиот пат започне пред 25 години, но би рекол, поради вештачки причини, ние сѐ уште не можеме да бидеме дел од европското семејство.“

Премиерот Мицкоски рече дека како влада на Северна Македонија се обврзуваат да го испорачаат сето она коешто е потребно во овој процес, не поради самиот процес, туку пред се поради македонските граѓани бидејќи тие тоа го заслужуваат.

„Така работиме досега, така ќе продолжиме и понатаму и очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив, очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од Европската унија и она коешто е најважно да бидеме оценувани според постигнувањето а според билатералните прашања.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın