Балкан

Алиу - Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во здравството

„Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем“, рече Алиу

Elena Trenchevska Chekovic  | 18.12.2025 - Обновена : 18.12.2025
Алиу - Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во здравството Фото: Министерство за здравство на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Северна Македонија, Азир Алиу, во рамки на работната посета на Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на земјата, Евис Сала, пренесува Анадолу.

На средбата, според соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија, е реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството.

„Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем“, рече Алиу, посочувајќи дека размената на знаења и искуства меѓу медицинскиот кадар од двете земји придонесува кон целокупно унапредување на здравствената заштита.

Министерот Алиу истакна дека ја информирал министерката Сала за „нашата заложба за јакнење на човечките ресурси и проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите на граѓаните.“

На работната средба станало збор и за дигитализацијата, како еден од клучните двигатели на развојот на здравствените системи во регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.