свет

Мерц: Германија не гледа подобра опција од користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина

Германскиот канцелар рече дека иако ја разбира загриженоста на некои од земјите членки на ЕУ, особено на Белгија, се надева дека тие ќе можат „заедно да ги решат“ и „да покажат знак на сила и решителност кон Русија“

Oliver Towfigh Nia  | 18.12.2025 - Обновена : 18.12.2025
Мерц: Германија не гледа подобра опција од користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека „нема подобра опција“ од користењето на замрзнатите руски средства во обид да се продолжи со финансиска поддршка за Украина, јавува Анадолу.

„Го знаете мојот став. Не гледам подобра опција токму од ова. Мој впечаток е дека може да постигнеме договор“, изјави Мерц за новинарите пред самитот на ЕУ во Брисел.

Германскиот канцелар рече дека иако ја разбира загриженоста на некои од земјите членки на ЕУ, особено на Белгија, се надева дека тие ќе можат „заедно да ги решат“ и „да покажат знак на сила и решителност кон Русија“.

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ денес одржуваат самит во Брисел на кој ќе разговараат дали да се користат замрзнати руски средства во вредност од 210 милијарди евра како залог за да се обезбеди заем за Украина.

Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека ризиците треба да се споделат со заедничка акција, додека се воспоставуваат законски основи за користење на руски средства како залог.

Околу 185 милијарди евра замрзнати руски средства се чуваат во белгиската банка Еуроклир.

Белгија, Италија, Малта и Бугарија поддржуваат користење алтернативно решение за руските средства, а Унгарија, Словачка и Чешка се противат на финансиската поддршка за Украина.

Земјите од ЕУ минатата недела одлучија на неодредено време да замрзнат руски средства во вредност од 210 милијарди евра.

Оваа одлука и разни други гаранции се обезбедени за да се осигури поддршката на Белгија за планот за користење на руски средства како залог.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.