свет

Палестинско бебе почина од студ во Газа, бројот на починати деца од почетокот на зимата се искачи на девет

Седуммесечното бебе Шата Абу Џарад од населбата Ал-Дараџ во градот Газа почина откако срцето ненадејно му застана како резултат на екстремен студ

Lina Altawell  | 20.01.2026 - Обновена : 21.01.2026
Палестинско бебе почина од студ во Газа, бројот на починати деца од почетокот на зимата се искачи на девет Фото: Hamza Z. H. Qraiqea/АА

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинско бебе почина денес од силен студ во Појасот Газа, со што бројот на деца кои ги загубија животите како последица на студот од почетокот на тековната зимска сезона се искачи на девет, соопшти медицински извор, јавува Анадолу.

Седуммесечното бебе Шата Абу Џарад од населбата Ал-Дараџ во градот Газа почина откако срцето ненадејно му застана како резултат на екстремен студ, изјави изворот за Анадолу.

Ова се случи во време кога Палестинците во Газа по двегодишната војна на Израел во енклавата продолжуваат да се соочуваат со тешки хуманитарни услови, при што многу семејства живеат во шатори или преполни засолништа во кои им недостасуваат услови за задоволување на основните потреби, вклучувајќи соодветни ќебиња, топла облека и греење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.