свет

Палестинец повреден од израелски оган во близина на Sидот на раздвојување на окупираниот Источен Ерусалим

- Израелската Армија често стрела со огнено оружје врз палестинските работници кои се обидуваат да се искачат на Sидот на раздвојување за да работат во Израел

Betül Yılmaz  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
Палестинец повреден од израелски оган во близина на Sидот на раздвојување на окупираниот Источен Ерусалим

РАМАЛА / ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинец е повреден од израелски оган денес во градот Ал-Рам, во северниот дел на окупираниот Источен Ерусалим, според медицински лица, јавува Анадолу.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините тимови третирале 43-годишен Палестинец кој бил застрелан од израелските сили во близина на Sидот на раздвојување во Ал-Рам пред да биде однесен во болница во Рамала.

Не се дадени дополнителни детали во врска со причините за нападот.

Израелската Армија често стрела со огнено оружје врз палестинските работници кои се обидуваат да се искачат на Sидот на раздвојување за да работат во Израел.

Источен Ерусалим е опкружен со бетонски ѕид со бодликава жица, поголемиот дел од него изграден на земјиште на Западниот Брег. Бариерата се издига повеќе од осум метри во висина и се протега на повеќе од 200 километри, според израелската организација за човекови права Б’Тселем.

Нападот се случил во услови на пораст на насилството и апсењата извршени од страна на израелската Армија и илегалните доселеници против Палестинците на окупираниот Западен Брег.

Според Комисијата против колонизацијата и Sидот, илегалните израелски доселеници извршиле над 7.000 напади врз Палестинците и нивниот имот на Западниот Брег откако Израел ја започна војната во Газа во октомври 2023 година.

Повеќе од 1.073 Палестинци оттогаш се убиени, а 10.700 се повредени, според палестинските податоци.

Минатиот јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.