политика, Балкан

Вадефул во Црна Гора: Клучните реформи во правосудството пресудни за напредокот на Црна Гора кон ЕУ

Црна Гора аплицираше за членство во ЕУ во декември 2008 година, доби статус на кандидат во декември 2010 година, додека пристапните преговори ги отвори на 29 јуни 2012 година, со што стана најнапредната земја кандидат во регионот

Mustafa Talha Öztürk, Zlatan Kapic  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
Вадефул во Црна Гора: Клучните реформи во правосудството пресудни за напредокот на Црна Гора кон ЕУ Фото: Кабинет на претседателот на Црна Гора

САРАЕВО (АА) – Германија силно ја поддржува европската перспектива на Црна Гора, но очекува продолжување и забрзување на клучните реформи во областа на владеењето на правото, за да може земјата да напредува во пристапните преговори, изјави денес германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за време на средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во Подгорица, јавува Анадолу.

Вадефул ги пофали досегашните реформи што ги спровела Црна Гора, нагласувајќи дека Германија „останува силен партнер на Подгорица“ и дека понатамошниот напредок мора да биде поддржан со исполнување на преостанатите обврски од европската агенда.

Претседателот Милатовиќ порача дека комплетирањето на Уставниот суд, целосната транспарентност на меѓународните договори и донесувањето на правосилни судски пресуди се три клучни предуслови за продолжување на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека Црна Гора „направила многу и останала најнапреден кандидат“ во претходните години, но дека како земја во завршната фаза од преговорите, мора да ги забрза најважните реформи. Нагласи дека функционирањето на Уставниот суд е „од пресудно значење за правна држава и за европскиот пат“, додавајќи дека на Црна Гора ѝ се потребни „луѓе со знаење и интегритет кои ги чуваат институциите“.

Црна Гора аплицираше за членство во ЕУ во декември 2008 година, доби статус на кандидат во декември 2010 година, додека пристапните преговори ги отвори на 29 јуни 2012 година, со што стана најнапредната земја кандидат во регионот.

Пораките на Вадефул доаѓаат во рамките на неговата неколкудневна посета на Западен Балкан, за време на која тој ќе ги посети Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово и Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın