свет

Германија ги укинува ограничувањата за извоз на оружје во Израел

Одлуката ќе стапи на сила на 24 ноември, по што земјата ќе се врати на практиката на индивидуална процена на секое барање за извоз во Израел

Ayhan Şimşek  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
Германија ги укинува ограничувањата за извоз на оружје во Израел

БЕРЛИН (АА) – Германија денес објави дека ќе ги укине ограничувањата за извоз на оружје во Израел, повикувајќи се на „стабилизираниот прекин на огнот“ во Газа и последниот дипломатски напредок во регионот, јавува Анадолу.

Одлуката ќе стапи на сила на 24 ноември, по што земјата ќе се врати на практиката на индивидуална процена на секое барање за извоз во Израел, соопшти владиниот портпарол Стефан Корнелиус за германската новинска агенција ДПА.

Корнелиус изјави дека Владата ја темели одлуката на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, кој е на сила од 10 октомври и стабилизирањето на состојбата изминатите недели.

Тој посочи и на напорите за постигнување одржлив мир, како и зголемувањето на хуманитарната помош за Газа.

Канцеларот Фридрих Мерц на 8 август ги воведе ограничувањата, стопирајќи го одобрувањето за секаков извоз на оружје што би можел да биде искористен во војната во Газа. Одлуката беше донесена по најавата на Израел за сеопфатна копнена офанзива и прекинот на доставувањето хуманитарна помош во енклавата.

Извозот на германско оружје во Израел долго време е контроверзна тема и предмет на правни постапки од страна на организации за човекови права и жители на Газа. Европскиот центар за уставни и човекови права (ECCHR), кој ги поддржуваше тужителите, повеќепати тврдеше дека со германските одобренија за извоз на оружје во Израел се кршат меѓународните договори што Берлин ги има потпишано, вклучително и Женевската конвенција за спречување и казнување на злосторството геноцид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın