свет

Олаф Шолц е избран за канцелар на Германија

На тајното гласање одржано во Бундестагот, со кое претседаваше претседателката Бербел Бас, Шолц во првиот круг доби гласови од 395 од 707 пратеници во Бундестагот. Против беа 303 пратеници, шестмина воздржани, а три гласа беа неважечки.

Erbil Başay  | 08.12.2021 - Обновена : 09.12.2021
Олаф Шолц е избран за канцелар на Германија Фото: Абдулхамид Хошбаш / АА

БЕРЛИН

Олаф Шолц, претставникот на Социјалдемократската партија (SPD) во Бундестагот и министер за финансии, е избран за нов канцелар на Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).

На тајното гласање одржано во Бундестагот, со кое претседаваше претседателката Бербел Бас, Шолц во првиот круг доби гласови од 395 од 707 пратеници во Бундестагот. Против беа 303 пратеници, шестмина воздржани, а три гласа беа неважечки.

Така, 63-годишниот Шолц, кој е избран за премиер, ќе замине во претседателската резиденција, палатата „Белви“, каде што ќе добие документ за назначување од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа ќе се врати во Парламентот.

Ангела Меркел, чиј мандат заврши, само го следеше гласањето затоа што не е пратеник во Бундестагот. Претседателката на Бундестагот ја поздрави Меркел, што беше придружено со аплауз од пратениците.

Во Бундестагот денеска беа присутни и поранешниот претседател Јоаким Гаук, поранешниот канцелар Герхард Шродер, сопругата на Шолц, Брита Ернст, неговите родители Герхард и Кристел Шолц и неговите помлади браќа Јенс и Инго Шолц.

Поради мерките против ширење на коронавирусот (COVID-19), пратениците носеа маски, а во салата беше одвоено и место за оние пратеници кои не беа вакцинирани.

По положувањето заклетва во Бундестагот, Шолц ќе замине со новите членови на Владата во палатата „Белви“, каде што новите министри ќе добијат и документ за наименувањето од Штајнмаер, а потоа ќе се вратат во Парламентот. По свечената заклетва, министрите и официјално ќе стапат на должност.

Шолц беше министер за труд и социјални прашања во периодот 2007 - 2009 година, потоа премиер на Хамбург 2011 - 2018 година и вицепремиер и министер за финансии 2018 - 2021 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın