Германскиот претседател повикa на стратегиски врски со силите во развој
„Овие земји сигурно немаат исти ставови и интереси како нас. Но обединети сме околу една клучна цел, а тоа е, утрешниот свет да биде нешто повеќе од обично биполарно соперништво помеѓу САД и Кина“
БЕРЛИН (АА ) - Германија треба да ги зајакне врските со силите во развој и Средните сили, како што се Турција, Бразил и Јужноафриканска Република, додека глобалниот поредок се соочува со длабоки промени, изјави денес претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, пренесува Анадолу.
За време на својот говор на церемонијата по повод одбележување 75 години постоење на Министерството за надворешни работи на Германија, Штајнмаер ги истакна растечките разлики со американската администрација, истовремено нагласувајќи ги заедничките интереси со Средните сили во зачувувањето на меѓународното право и мултилатералните институции.
„Сите овие Средни сили бараат дијалог со нас бидејќи, како и ние, и тие сакат да ја намалат зависноста и да ги прошират партнерствата”, изјави Штајнмаер.
„Овие земји сигурно немаат исти ставови и интереси како нас. Но обединети сме околу една клучна цел, а тоа е, утрешниот свет да биде нешто повеќе од обично биполарно соперништво помеѓу САД и Кина“, изјави Штајнмаер.
Претседателот истакна дека последниве години како приоритет го поставил развивањето на врските на Германија со овие сили во подем и регионални актери, наведувајќи ги своите посети на Турција, Бразил, Мексико, Јужноафриканска Република и регионот на Персискиот Залив како дел од овите стратегиски напори.
„Овие земји не се секој ден на насловни страници, но тие имаат многу да ни понудат стратегиски. И сосема сум сигурен, а и вам ви го кажувам ова, дека и ние имаме многу да им понудиме“, изјави тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
