свет

Германија ги осуди израелските закани за анексија на јужен Либан

Во понеделникот, израелскиот министер Смотрич изјави дека Израел треба да ја прошири својата граница со Либан до реката Литани, длабоко во јужниот дел на земјата

Oliver Towfigh Nia  | 25.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
Германија ги осуди израелските закани за анексија на јужен Либан

БЕРЛИН (АА) – Германија денес ги осуди заканите од Израел за анексија на јужен Либан, јавува Анадолу.

Берлин нагласи дека „анексијата на либанска територија од страна на Израел, секако, би била спротивна на меѓународното право и не би била прифатена од сојузната влада“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мартин Гизе, на брифинг со медиумите во Берлин.

„Она што можам да го кажам е дека со голема загриженост ги забележавме овие изјави од одредени израелски министри, меѓу кои и оној што го споменавте“, рече тој, алудирајќи на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич.

Во понеделникот, Смотрич изјави дека Израел треба да ја прошири својата граница со Либан до реката Литани, длабоко во јужниот дел на земјата, во време кога израелските сили бомбардираа мостови и уништуваа домови за време на воената офанзива.

Гизе ги повика сите инволвирани страни „да се вратат на прекинот на огнот и да ја спроведат резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın