свет

Населението на Египет достигна над 107 милиони

Проекциите покажуваат дека доколку моментното ниво на фертилитет остане непроменето, населението би можело да достигне 117 милиони до 2030 година и 157 милиони до 2050 година

Aida Cako  | 17.01.2025 - Обновена : 18.01.2025
Населението на Египет достигна над 107 милиони Фото: Mohamed Elshahed/АА

КАИРО (АА) – Населението на Египет достигна 107.250.000, беше објавено на зградата на Централната агенција за јавна мобилизација и статистика (CAPMAS) во Каиро, јавува Анадолу.

Според извештајот на Единицата за попис на Египет од 2024 година, земјата се соочува со брз пораст на населението, што создава значителен притисок врз ресурсите и инфраструктурата.

Проекциите покажуваат дека доколку моментното ниво на фертилитет остане непроменето, населението би можело да достигне 117 милиони до 2030 година и 157 милиони до 2050 година.

Оваа демографска експанзија ги истакнува предизвиците со кои се соочуваат властите во справувањето со економскиот развој, образованието, здравството и домувањето.

Египет останува една од најнаселените земји во арапскиот свет и Африка, а демографските трендови продолжуваат да бидат клучен фокус на националните политики.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın