политика, Балкан

Уставен суд на Косово: Пратениците мора со јавно гласање да го изберат претседателот на Собранието

- Уставниот суд на Косово донесе одлука спроед која претседавачот со седниците на Собранието, Авни Дехари, не постапил врз основа на претходната одлука на судот од 26 јуни и дека сите седници одржани од 27 јуни до 6 јули се прогласени за неважечки

Oktaj Omeragikj  | 08.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
Уставен суд на Косово: Пратениците мора со јавно гласање да го изберат претседателот на Собранието

СКОПЈЕ (АА) - Уставниот суд на Косово денес донесе одлука во која се наведува дека претседавачот со седниците на Собранието, Авни Дехари, не постапил врз основа на претходната одлука на судот од 26 јуни и дека сите седници одржани од 27 јуни до 6 јули се прогласени за неважечки, известува Анадолу.

Уставниот суд на Косово му наложи на Дехари да ја продолжи конститутивната седница со точка 3 од дневниот ред и да го покани претставникот на најголемата парламентарна група да предложи кандидат за претседател на косовското Собрание, кој се избира со јавно гласање.

Гласањето за ист кандидат може да се спроведе најмногу три пати, се вели во соопштението на Уставниот суд.

Уставниот суд на Косово утврдил дека претседателот „не постапил во согласност со одлуката на Уставниот суд на Косово и дека последователно на тоа, неговите постапки се несоодветни со став 1 од член 116 од Законот за правно дејствие на одлуките“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.