политика

Холандија го критикува израелскиот план за окупација: „Газа им припаѓа на Палестинците“

„Планот на Владата на Нетанјаху да ги интензивира израелските операции во Газа е погрешен потег“, изјави Велкдамп.

Aysu Biçer  | 08.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
Холандија го критикува израелскиот план за окупација: „Газа им припаѓа на Палестинците“

Лондон

Холандскиот министер за надворешни работи Каспaр Велдкамп денес остро го критикуваше планот на израелската Влада за целосна воена окупација на градот Газа, предупредувајќи дека тоа ќе ја влоши веќе катастрофалната хуманитарна криза и ќе ги попречи напорите за ослободување на заложниците, јавува Анадолу.

Во објава на Х, Велдкамп напиша: „Планот на Владата на Нетанјаху да ги интензивира израелските операции во Газа е погрешен потег. Хуманитарната ситуација е катастрофална и бара итно подобрување. Оваа одлука на никаков начин не придонесува за ова, а исто така нема да помогне за враќање на заложниците дома.“

Велдкамп го повтори долгогодишниот став на холандската Влада за Газа, нагласувајќи ја потребата од дипломатија и хуманитарна помош.

„Холандската Влада отсекогаш била јасна: Газа им припаѓа на Палестинците. Она што е потребно сега е прекин на огнот, многу повеќе хуманитарна помош, ослободување на сите заложници од Хамас и преговарачко решение“, додаде тој.

Израелскиот Кабинет за безбедност го одобри предлогот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Армијата да ја преземе контролата врз градот Газа, соопшти рано утринава Кабинетот на премиерот.

Израел се соочува со зголемен бес поради својата деструктивна војна во Газа, каде што повеќе од 61.200 луѓе се убиени од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид во Меѓународниот суд за правдата за неговата војна во енклавата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın