Судот во Косово пресуди: Депортација за Поповиќ од Косово и забрана за влез од две години
Поповиќ беше приведен на преминот Брњак на 18 јули, а потоа му беше одреден 30-дневен притвор

Приштина
Основниот суд во Приштина донесе одлука да го протера помошник-директорот на Канцеларијата за КиМ на Владата на Србија, Игор Поповиќ, од Косово, и да му забрани влез во траење од две години, јавува Анадолу.
Првично, тој беше осуден на 6 месеци затвор за поттикнување раздор и нетрпеливост, но мерката беше заменета од судот со парична казна од 3 илјади евра и протерување од Косово во траење од две години.
Поповиќ не беше присутен на изрекувањето на пресудата.
Обвинителката Фикрије Красниќи-Фејзулаху му предложи на судот изречената казна од шест месеци затвор да се замени со парична казна од 3 илјади евра и протерување на Поповиќ од Косово во траење од две години. Адвокатите на обвинетиот, исто така, се согласија со предлогот на Обвинителството.
Поповиќ беше приведен на преминот Брњак на 18 јули, по одбележувањето на годишнината од страдањето на Србите во Ораховац, а потоа му беше одреден 30-дневен притвор.
Специјалното обвинителство поднесе обвинение против Поповиќ во вторникот, во кое, меѓу другото, се наведува дека за време на неговиот говор во Ораховац на 18 јули, тој „смислено и намерно поттикнувал и јавно ширел омраза и нетрпеливост меѓу етничките групи“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.