свет

Министерството за здравство во Газа: 2.600 пациенти, цивили и медицински персонал сè уште се во Индонезиската болница

Портпаролот Ал-Кудра рече дека 259 повредени лица, голем број цивили и медицински персонал сѐ уште се наоѓаат во болницата Ал-Шифа

Ahmed Asmar  | 21.11.2023 - Обновена : 22.11.2023
Министерството за здравство во Газа: 2.600 пациенти, цивили и медицински персонал сè уште се во Индонезиската болница

ГАЗА (АА) - Најмалку 2.600 лица, вклучувајќи пациенти, раселени цивили и медицински персонал, сè уште се наоѓаат во опколената Индонезиска болница во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кудра, изјави: „400 повредени и нивни придружници сѐ уште се наоѓаат во Индонезиската болница, покрај 200 лица од медицинскиот персонал и околу 2.000 раселени лица.“

Ал-Кудра, исто така, рече дека 259 повредени лица, голем број цивили и медицински персонал сѐ уште се наоѓаат внатре во болницата Ал-Шифа.

Портпаролот на Министерството за здравство рече дека сè уште не е одреден датум за нивна евакуација од болницата Ал-Шифа, која е под целосна израелска контрола.

Ал-Кудра потврди дека сите болници во градот Газа и северните области на Појасот Газа се нефункционални поради израелскиот тековен напад врз Газа.

Тој додаде дека делегација на Светската здравствена организација во последните денови ја посетила болницата Ал-Шифа за да ја координира евакуацијата на оние луѓе кои сѐ уште се во болницата.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Властите во Газа соопштија дека бројот на жртви од тековните израелски напади врз енклавата од 7 октомври се искачил на над 13.300, вклучувајќи 5.600 деца и 3.550 жени.

Бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.