свет

Кувајтската авиокомпанија „Џазира ервејс“ ги обнови директните летови кон Сирија по 13-годишна пауза

Авиокомпанијата истакна дека првично авионите ќе сообраќаат еднаш дневно, со планови „да се зголемат на два лета дневно пред крајот на летото“

Ikrame Imane Kouachi  | 03.07.2025 - Обновена : 04.07.2025
Кувајтската авиокомпанија „Џазира ервејс“ ги обнови директните летови кон Сирија по 13-годишна пауза

АНКАРА (АА) – Кувајтската авиокомпанија „Џазира ервејс“ ги обнови директните летови кон Сирија по 13-годишна пауза, соопштија денес сириските медиуми, пренесува Анадолу.

Според државната новинска агенција САНА, првиот авион на кувајтската авиокомпанија слетал вчера на Меѓународниот аеродром во Дамаск.

Авиокомпанијата истакна дека првично авионите ќе сообраќаат еднаш дневно, со планови „да се зголемат на два лета дневно пред крајот на летото“, објави државната новинска агенција.

Овој чекор доаѓа во време на пошироки регионални напори за реинтегрирање на Сирија во мрежите на воздушен сообраќај, со очекувања за зголемена економска и туристичка активност.

Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, избега во Русија во декември, со што заврши режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Во јануари во Сирија беше формирана нова преодна администрација предводена од претседателот Ахмeд ал-Шара.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.