Израел сака нормализација на односите со Сирија и Либан под услов да продолжи со окупацијата на Голанската Висорамнина
„Имаме интерес да вклучиме земји, како што се нашите соседи Сирија и Либан, во кругот на мирот и нормализацијата, врз основа на Аврамовиот договор“

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар денес вети дека ќе ја задржи контролата на Израел врз окупираната сириска Голанска Висорамнина во рамките на каков било мировен договор со Сирија, јавува Анадолу.
„Израел владееше со Голанската Висорамнина пред повеќе од 40 години и таа ќе остане дел од Израел во рамките на секој мировен договор“, рече Саар на заедничката прес-конференција со австриската колешка Беате Мајнл-Рајзингер во Западен Ерусалим.
„Имаме интерес да вклучиме земји, како што се нашите соседи Сирија и Либан, во кругот на мирот и нормализацијата, врз основа на Аврамовиот договор“, додаде тој без да образложи.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека некои земји изразиле интерес да се вклучат во договорите за нормализација меѓу арапските земји и Израел, познати како Аврамов договор.
Во 2020 година Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Судан и Мароко потпишаа договори под покровителство на САД за нормализирање на односите со Израел, кои станаа познати како Аврамов договор.
Од 1967 година Израел окупира поголем дел од сириската Голанска Висорамнина.
По падот на режимот на Башар ал-Асад минатата година Тел Авив ја прошири својата контрола во сириската тампон-зона и го прогласи Договорот за недејствување од 1974 година со Сирија за неважечки.
Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, избега во Русија во декември, со што заврши децениското владеење на партијата Баат, кое започна во 1963 година.
Во јануари во Сирија беше формирана новата преодна администрација предводена од претседателот Ахмад ал-Шара.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.