свет

Индонезија: Најмалку 14 повредени во самоубиствен напад врз црква

„Потврдено е дека единствената жртва во нападот е бомбашот самоубиец“, изјави за новинарите главниот инспектор на полицијата во Јужен Сулавеси, генералот Мердисјам.

Handan Kazancı  | 28.03.2021 - Обновена : 29.03.2021
Индонезија: Најмалку 14 повредени во самоубиствен напад врз црква Фото: Andi Muhammad Syafrizal/AA

ЏАКАРТА (АА) - На островот Јужен Сулавеси во Индонезија денес е извршен бомбашки самоубиствен напад врз католичка црква, јавува Агенција Анадолија (АА).

Самоубиствениот напад е изведен во катедралата „Свето срце Исусово“ во 10:28 часот по локално време, за време на католичка богослужба, соопшти шефот за односи со јавноста на регионалната полиција на Јужен Сулавеси, Ендра Зулпан.

Полицијата потврди дека експлозијата во катедралата во градот Макасар е самоубиствен бомбашки напад по увидот на остатоците од едно мртво лице.

„Потврдено е дека единствената жртва во нападот е бомбашот самоубиец“, изјави за новинарите главниот инспектор на полицијата во Јужен Сулавеси, генералот Мердисјам.

Според раководителот на Одделот за односи со јавноста на националната полиција, инспекторот генерал Арго Јувоно, две лица бомбаши пристигнале со мотор и се обиделе да влезат во црквата.

Експлозијата се случила покрај страничниот влез на црквата.

На местото на експлозијата имало делови од телото, што допрва ќе се идентификуваат.

Најмалку 14 лица претрпеа сериозни повреди и веднаш се пренесени во болниците.

Апелирајќи до јавноста да остане смирена и да не се потпира на информации што не се засноваат на официјални извори, Мухамад Рамдан Поманто, градоначалник на градот Макасар, рече дека безбедноста во регионот е зголемена и дека истрагата е во тек.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.