Балкан

Албанскиот претседател Бегај го прими турскиот потпретседател Јилмаз

- „Нашите одлични и пријателски односи нè охрабруваат да ја продлабочиме соработката во економијата, трговијата, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, безбедноста, одбраната и обновливите извори на енергија“, објави претседателот Бајрам Бегај

Dzihat Aliju  | 17.10.2025 - Обновена : 17.10.2025
Албанскиот претседател Бегај го прими турскиот потпретседател Јилмаз

ТИРАНА (АА) - Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, го прими на средба потпретседателот на Турција, Џевдет Јилмаз, јавува Анадолу.

Средбата се одржа во седиштето на Претседателството на Албанија.

Во објавата на социјалните мрежи Бегај објави дека го примил турскиот потпретседател Јилмаз.

„Нашите одлични и пријателски односи нè охрабруваат да ја продлабочиме соработката во економијата, трговијата, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, безбедноста, одбраната и обновливите извори на енергија“, напиша тој, додавајќи:

„Албанија ги цени Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган како клучен партнер и сојузник, посветени на дијалогот на мирот и стабилноста на Западен Балкан и пошироко.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.