економија, Балкан

Средба на бизнис светот меѓу Албанија и Турција во Тирана

- Турскиот потпретседател Јилмаз, во своето обраќање истакна дека за време на нивните патувања во странство им придаваат важност на средбите со турските бизнисмени, опишувајќи ги овие средби како зајакнување на економската динамика на Турција.

Dzihat Aliju  | 16.10.2025 - Обновена : 17.10.2025
Средба на бизнис светот меѓу Албанија и Турција во Тирана

ТИРАНА (АА) - Здружението на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) организираше состанок на бизнис светот на Албанија и Турција во Тирана, главниот град на Албанија, на кој учествуваше и потпретседателот на Турција, Џевдет Јилмаз, јавува Анадолу.

Турскиот потпретседател Јилмаз, во своето обраќање истакна дека за време на нивните патувања во странство им придаваат важност на средбите со турските бизнисмени, опишувајќи ги овие средби како зајакнување на економската динамика на Турција.

„Сместена во срцето на Балканот, Албанија има стратешка позиција поради близината со Турција и европските пазари. Нејзините поморски транспортни врски, договорот за слободна трговија што е во сила со Турција, меѓусебната промоција и заштита на инвестициите и договорите за избегнување на двојно оданочување, ја прават земјата привлечна за инвеститорите“, рече Јилмаз и додаде:

„Турција е 11-та најголема економија во светот според паритетот на куповната моќ и можам да кажам дека сме на 4-то место во Европа. Неодамна ја надминавме Италија во однос на економската големина. Бевме на 5-то место.“

Зборувајќи дека бизнисмените што работат во Албанија дале значаен придонес во развојот на билатералните односи со Турција, потпретседателот Јилмаз додаде дека се развива трговијата меѓу двете земји и дека обемот на трговијата достигнал 1 милијарда долари во 2024 година.

Тој информираше дека турските изведувачки компании досега имплементирале 37 проекти во Албанија, со вкупна вредност од над 1,8 милијарди долари.

„Значителен дел од овие проекти вклучуваат проекти за автопати, мостови, тунели и железници. Во секторот за техничко консултанство, завршени се 23 проекти во вредност од 12 милиони долари. Сепак, морам да нагласам и дека не сме виделе нови проекти во секторите за изведување и техничко консултанство од 2021 година. Ќе го споделиме ова со нашите колеги. Со оглед на силната меѓународна позиција и богатото искуство на турските компании, потребни се поинтензивни напори во оваа област во наредниот период“, нагласи турскиот потпретседател.

Тој посочи дека турските компании, покрај секторот за изведување работи во Албанија, имаат директни инвестиции во финансискиот и енергетскиот сектор, во трговијата на големо и мало, како и во рударскиот сектор, додавајќи дека инвестициите во овие сектори достигнале 1 милијарда долари до крајот на 2024 година и дека овие инвестиции обезбедиле директно вработување за околу 2.500 луѓе.

„Несомнено, тука може да се соочите со некои бирократски проблеми. Бидете сигурни, на нашите официјални билатерални состаноци на високо ниво ги покренавме овие прашања, за кои веруваме дека се решливи, “, додаде Јилмаз.


- „Инвестицискиот форум Албанија-Турција ќе послужи за понатамошно зајакнување на економските и трговските врски“

Турскиот амбасадор во Тирана, Тајар Каган Атај, изјави дека блискиот дијалог меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама овозможил продлабочување на односите во секоја област на начин што му служи и на регионалниот мир.

Амбасадорот Атај истакна дека Инвестицискиот форум Албанија-Турција, што ќе се одржи утре, ќе послужи за понатамошно зајакнување на економските и трговските врски на начин што одговара на одличните политички односи што ги воспоставија двете земји.

„Присуството на нашиот потпретседател на форумот, заедно со почитуваните претставници на Големото национално собрание на Турција и четири различни министерства, е конкретен показател за нашата посветеност на ова прашање“, рече тој.

Бурхан Оздемир, генерален претседател на МУСИАД, од своја страна рече дека Албанија е една од земјите во која турските инвеститори и бизнисмени прават најголеми инвестиции.

„Кога се споменуваат странски инвеститори во Албанија, Турција е првата земја што ни паѓа на ум“, рече Оздемир, истакнувајќи дека МУСИАД има 100 канцеларии во приближно 82 земји во светот, со вкупно 14.000 членови.


- „МУСИАД за кратко време собра 105 турски и албански бизнисмени под ист покрив“

Истакнувајќи дека МУСИАД Албанија постигнал брз напредок за многу кус период, Оздемир продолжи со зборовите:

„Би сакал да му се заблагодарам на нашиот потпретседател за поддршката што ни ја дава во оваа значајна и важна програма. Сметам дека оваа поддршка е многу значајна, што ќе ни овозможи да бидеме многу поефикасни во нашите меѓународни активности, особено во овој период кога се менува рамнотежата на меѓународната трговија и кога глобалниот систем влегува во фаза на трансформација.“

Мухамет Ишлер, претседател на МУСИАД Албанија, потсети дека албанската филијала на МУСИАД за кусо време собрала 105 турски и албански бизнисмени под ист покрив.

Истакнувајќи дека со секој чекор градат пријателство, доверба и братство, Оздемир рече:

„Како МУСИАД Албанија, во 2024 година насочивме инвестиции во вредност од 150 милиони евра кон нашата земја.“

На состанокот присуствуваа и турскиот заменик-министер за индустрија и технологија Четин Али Донмез, заменик министерот за трговија Озгур Волкан Агар, пратеничка на АК Партијата за Едрене и претседавач со меѓупарламентарната група за пријателство Турција-Албанија, Фатма Аксал, заменик-министерот за култура и туризам Сердар Чам, заменик-министерот за земјоделство и шумарство, Ебубекир Гизлигидер, турскиот амбасадор во Тирана Тајар Каган Атај и претседателот на МУСИАД Бурхан Оздемир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.