Средба Мицкоски - Фон дер Лајен: Владата е решена да ја забрза евроинтеграцијата на државата
- Премиерот Мицкоски на средбата ја истакнал решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди.

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која пристигна во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, известува Анадолу.
Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија.
Мицкоски и Фон дер Лајен на средбата разговараа за европската перспектива на земјата, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација
Премиерот Мицкоски ја истакнал решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочил дека државата од Европската Унија очекува јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.
Со посетата на претседателката на ЕК се потврдува отворениот дијалог и взаемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на Северна Македонија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.