Бројот на жртви во уривањето на училиште во Индонезија се искачи на 61
„Додека операцијата за пребарување на затрупаните лица продолжува, спасувачите вчера извлекоа 12 тела од урнатините на комплексот на исламскиот интернат „Ал Хозини“ во индонезискиот град Сидоарџо“

АНКАРА (АА) - Бројот на жртви во уривањето на училишна зграда во индонезиската покраина Источна Јава се искачи на 61, соопштија денес службеници за спасување, јавува Анадолу.
„Додека операцијата за пребарување на затрупаните лица продолжува, спасувачите вчера извлекоа 12 тела од урнатините на комплексот на исламскиот интернат „Ал Хозини“ во индонезискиот град Сидоарџо“, изјави Нананг Сигит, раководител на Канцеларијата за пребарување и спасување во Источна Јава.
Пронајдени се вкупно 167 лица, меѓу кои 104 преживеани.
Спасувачите со помош на тешка механизација и електрична опрема сега се фокусираат на северната страна од локацијата, во делови што не се поврзани со главната зграда.
Зградата се урна на 29 септември, при што стотици луѓе останаа заробени под урнатините.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.