Израел уби 16.802 студенти и ученици во Газа и на Западниот Брег од 7 октомври 2023 година

РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за образование објави дека 16.802 палестински ученици и студенти се убиени, а повеќе од 26.000 се повредени во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа во геноцидната војна што Израел ја започна на 7 октомври 2023 година, известува Анадолу.
Во соопштението споделено на фејсбук-профилот на палестинското Министерство дадени се информации за бројот на ученици, студенти и образовен персонал кои ги загубиле животите, биле повредени и притворени во нападите извршени од страна на Израел во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Бројката на ученици од предучилишна возраст кои се убиени во нападите извршени од Израел во Појасот Газа изнесува 15.553, а бројот на повредени 23.411. Се истакнува дека 103 ученици биле убиени на Западниот Брег, 691 повредени, а 361 биле приведени.
Во соопштението, кое го вклучува и бројот на студенти на универзитетите убиени во нападите на Израел, се наведува дека 1.111 студенти биле убиени во Појасот Газа, 2.317 студенти биле повредени, а голем број биле приведени. Се додава дека 35 студенти биле убиени на Западниот Брег, повеќе од 219 биле повредени, а 399 биле приведени.
Во соопштението се посочува дека вкупно 25.728 ученици и студенти во Појасот Газа и најмалку 910 студенти на Западниот Брег биле повредени во израелските напади.
Покрај тоа, се наведува дека 701 член на персоналот во предуниверзитетските училишта во Газа се убиени, а 3.015 се повредени, додека во училиштата на Западниот Брег 4 члена на наставниот кадар го загубиле животот, 21 се повредени, а 182 се приведени. Од образовниот персонал на универзитетите во Газа животот го загубиле 221 лице, 1.416 се повредени, додека на Западниот Брег се приведени 17 лица.
Објавено е дека 926 лица од образовниот кадар, од кои 705 биле во предуниверзитетските училишта, ги загубиле животите во израелските напади врз Газа и врз Западниот Брег, а вкупно 4.452 лица од образовниот персонал се повредени.
Во врска со нападите врз образовните институции, во соопштението се наведува дека повеќе од 118 јавни училишта се уништени во Појасот Газа, 252 училишта се сериозно оштетени, 91 училиште се бомбардирани и уништени. Се додава дека повеќе од 60 универзитетски згради се целосно уништени, а 93 училишта кои ѝ припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) се бомбардирани.
Министерството на палестинската енклава објави дека 152 училишта биле уништени од израелските сили на Западниот Брег, а рации биле извршени во 8 универзитети.
Во соопштението се наведува дека учениците Палестинци во Појасот Газа по втор пат не биле во можност да ги полагаат испитите во средните училишта што започнаа на 21 јуни (сабота), организирани за палестинските ученици во 37 земји низ целиот свет, вклучувајќи го и Ерусалим на Западниот Брег.
Според официјалните палестински податоци, израелската Армија и Израелците кои ги узурпираа палестинските територии ги интензивираа своите напади во Источен Ерусалим и на Западниот Брег паралелно со геноцидот во Газа, при што најмалку 981 Палестинец ги загубија животите, а приближно 7.000 се повредени во овие напади.
- Нападите на Израел врз Појасот Газа
Израелската Армија ги продолжи своите насилни напади врз Појасот Газа утрото на 18 март, по прекинот на огнот што стапи на сила на 19 јануари.
Бројот на Палестинци кои ги загубија животите во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега се зголеми на 56.077, додека бројот на повредени изнесува 131.848.
Од 27 мај, бројот на Палестинци убиени како резултат на систематските напади насочени врз подрачјата за дистрибуција воспоставени од страна на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа, предводена од Израел и САД под маската на хуманитарна помош, се зголеми на 516, а бројот на повредени изнесува 3.799.
Израелската Армија започна со спроведување план за напад што ќе ја прошири окупацијата врз Појасот Газа и ќе ја направи трајна. Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа.
Израел, кој започна сеопфатни напади врз Иран на 13 јуни, продолжува со нападите врз Газа додека вниманието на светот е свртено на друга страна.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.