свет

Израелски доселеници запалија палестинска куќа на Западниот Брег

- Насер Наваџа, палестински жител на селото, за Анадолу изјави дека група доселеници го нападнале неговиот дом во 1:00 часот наутро, запалувајќи го. Пожарот ја уништил целата куќа, вклучително и сиот мебел и лични предмети.

Elena Trenchevska Chekovikj  | 25.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Израелски доселеници запалија палестинска куќа на Западниот Брег

СКОПЈЕ (АА) - Палестинско семејство едвај се спаси од смртта откако екстремистичките израелски доселеници рано утрово го запалија нивниот дом во селото Сусија, јужно од Хеброн, на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Насер Наваџа, палестински жител на селото, за Анадолу изјави дека група доселеници го нападнале неговиот дом во 1:00 часот наутро, запалувајќи го. Пожарот ја уништил целата куќа, вклучително и сиот мебел и лични предмети.

Наваџа изјави дека тој, неговата сопруга и нивните седум деца биле во куќата во тој момент и за малку избегнале смрт. Тој рече дека ги видел напаѓачите како бегаат пред да почне да го гасне огнот.

Наср Наваџа, инаку активист против доселувањето на еврејските доселеници, посочи нагло зголемување на нападите на доселениците низ Западниот Брег, особено на југот, како дел од напорите за протерување на Палестинците од нивната земја.

Според Договорот од Осло II од 1995 година, Западниот Брег е поделен на Зони А (администрирани од Палестина), Б (заедничка контрола) и Ц (контролирани од Израел).

Тој нагласи дека насилството во Зоната Ц, која е под целосна израелска контрола, не го вршат само доселениците, туку е поддржано и од државата, што ги прави палестинските домови небезбедни.

Паралелно со воената офанзива на Израел во Газа, насилството на Западниот Брег е во пораст, за кое палестинските власти од изминатиот октомври имаат пријавено најмалку 982 смртни случаи и 7.000 повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.