Турција, свет

Турскиот претседател Ердоган: Трамп „со добри намери“ за испораката на Ф-35 на Турција

„Мислам дека е исправно што многу сојузници се здружуваат со нас во преземањето поголема одговорност во однос на заканите и предизвиците“

Merve Berker, Esra Tekin  | 25.06.2025 - Обновена : 25.06.2025
Турскиот претседател Ердоган: Трамп „со добри намери“ за испораката на Ф-35 на Турција

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го поздрави неодамнешниот напредок по клучното прашање со Соединетите Американски Држави (САД), испораката на борбените авиони Ф-35 на Турција, јавува Анадолу.

„Разговаравме за прашањето за Ф-35 (борбениот авион). Реализиравме исплата од 1,3 до 1,4 милијарди долари за Ф-35 и видовме дека г-дин Трамп е со добри намери за нивно испорачување“, изјави Ердоган на прес-конференцијата во Хаг по самитот на НАТО, осврнувајќи се на средбата со неговиот американски колега Доналд Трамп доцна во вторникот.

Ердоган рече дека исходот од самитот е зголемување на издвојувањата за одбраната на сојузничките земји.

Истакнувајќи дека Турција е најпогодената сојузничка земја и од тероризмот и од регионалните кризи, Ердоган рече дека властите вложуваат напори да ја држат земјата подалеку од конфликти и тензии.

Нагласувајќи ги обидите на Турција за зголемување на нејзината способност за одвраќање и зајакнување на одбранбените капацитети, Ердоган рече дека земјата направила „голем пробив“ во својата одбранбена индустрија во последните години.

„Мислам дека е исправно што многу сојузници се здружуваат со нас во преземањето поголема одговорност во однос на заканите и предизвиците.“

„Секако, не е можно да се подобри ефикасноста на Алијансата само со зголемување на издвојувањето за одбраната. Меѓусебното разбирање и соработката меѓу сојузниците, исто така, мора искрено да се воспостават“, рече тој.

Турскиот претседател, исто така, го потврди континуираниот дипломатски притисок на Турција за праведен и одржлив мир во војната меѓу Русија и Украина: „Верувам дека се отвори прозорец на можности за прекин на огнот и траен мир“.

„Ова не треба да се пропушти. Нашата цел е да го отвориме патот за процес што води кон траен мир преку поддршка на дополнителни конкретни чекори меѓу страните“. Истакна Ердоган и додаде:

„Се надевам дека војната ќе заврши што е можно поскоро со поддршка на нашите сојузници. Како што секогаш велев, праведниот мир нема губитници“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın