свет

Градоначалникот на францускиот град Ница ги отстрани израелските знамиња од Градското собрание

- Судот пресуди дека истакнувањето на знамето не може да се смета само како „симбол на поддршка за израелските заложници што ги држи Хамас“

İlayda Çakırtekin  | 26.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Градоначалникот на францускиот град Ница ги отстрани израелските знамиња од Градското собрание

ИСТАНБУЛ (АА) – Судот во Франција денес му наложи на градоначалникот на Ница да ги отстрани израелските знамиња од Градското собрание, пренесува Анадолу.

„По барањето од приватни лица, привремениот судија на Административниот суд во Ница го суспендира одбивањето на градоначалникот да ги отстрани израелските знамиња поставени на фасадата на Градското собрание и му наложи да ги отстрани во рок од пет дена“, се вели во соопштението на Судот.

Судот пресуди дека истакнувањето на знамето не може да се смета само како „симбол на поддршка за израелските заложници што ги држи Хамас“, туку и како „поддршка на израелската држава и со тоа како израз на политичко мислење“.

По пресудата, Кристијан Естрози, градоначалникот на Ница, вториот по големина француски град на медитеранскиот брег, ги отстрани знамињата што беа истакнати од нападите на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година, според францускиот весник „Фигаро“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın