Emre Aytekin
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ЊУЈОРК
Поранешниот американски претседател Џими Картер изјави дека обидот на Израел да анектира делови на Западен брег би значело „илегално изнудувње на земјиштето", пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува порталот „The Hill", Картер во пишана изјава истакна дека планираната израелска анексија во секоја смисла би значела илегална узурпација на палестинската територија.
„Планот на Израел да анектира 30 отсто од Западниот брег е спротивен на моменталниот статус на окупираните територии како што е утврдено со меѓународните договори и дека би претставувало кршење на меѓународното право кое забранува преземање на територии со употреба на сила", порача тој.
Истакна исто така дека израелската политика на воспоставување илегални еврејски населби на Западен брег веќе со децении ја загрози идејата на независна палестинска држава која би можела да функционира покај Израел.
„Официјалната анексија би значела крај на надежта за мирно решавање на проблемот со идејата за дводржавно решение", додаде Картер.
Предупреди дека можна анекција ќе ги прекрши договорите од Осло и Камп Давид, а би можела да ги загрози и митовните договори на Израел со Египет и Јордан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху формираше заедничка израелска Влада со лидерот на опозицијата, Бени Ганц, и двајцата најавија дека од 1 јули ќе го забрзаат планот за анексија на Јорданската Долина и другите територии на Западен Брег, на кои се изградени нелегални еврејски населби.
Анексијата доаѓа како дел на Договорот на векот" на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е објавен на 28 јануари, а се однесува на Ерусалим (Кудс) како недделив главен град на Израел" и се признава израелскиот суверенитет над големи делови на Западниот брег. Во планот се наведува воспоставување на држава Палестина како архипелаг поврзан со мостови и тунели.
Палестинските функционери тврдат дека според американскиот план Израел ќе анексира 30 до 40 отсто од Западниот брег, вклучувајќи го целиот Источен Ерусалим (Источен Кудс).
Западниот брег, вклучувајќи го Источниот Ерусалим (Источен Ерусалим), се смета за окупирана територија според меѓународното право, поради што сите еврејски населби на таа територија, како и планиратата анексија, се илегални.