Islam Doğru
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 709 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 130.843 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 50.816 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.781.619.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 709 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 130.843.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.459.969 откриени случаи, Русија со 661.165 откриени случаи, и Индија со 606.907 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Њу Џерси.
Во Њујорк откриени се 418.605 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.143 лица.
Во САД досега се направени над 34 милиони и 858 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 165 илјадa.