Bojana Stojanovic
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште 6 лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а заболеа уште 359 лица, што значи дека денеска има 1.996 активни случаи на заразување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 15.195 случаи.
Од вчера се тестирани 9.013 лица, од кои 359 се позитивни на Ковид-19.
Во претходните 24 часа починаа уште 6 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 287. Процентот на смртноста е 1,89 отсто.
На респиратори се 81 пациент.
Досега се тестирани 418.879 граѓани.