Abdula Berisha
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 15 нови смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19), што претставува рекорден број на нови смртни случаи во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 321. Исто така, регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се искачи на 6.625.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти е 2.748, додека во моментов има 3.556 активни случаи.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на овој вирус.