Nazlı Yüzbaşıoğlu
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
БЕРЛИН/АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека властите на Германија треба врз основа на објективни критериуми да го ревидираат издаденото предупредување за патувања во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на работната посета на Берлин, шефот на турската дипломатија се состана со германскиот колега Хеико Мас, а по состанокот е кажано дека една од темите на нивните состаноци бил туризмот кој на глобално ниво трпи тешки последици од пандемијата на Ковид-19.
Во делегацијата која ја предводи Чавушоглу се наоѓаат и турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој и заменичката-министер за здравство на таа земја, Емине Алп Месе.
Нагласувајќи дека Турција ги презела сите неопходни мерки и дека е подготвена на сигурен начин да ги угости гостите од Германија и од другите земји, Чавушоглу изјави дека сите туристички комплекси, аеродроми и трансферот на патниците ги сертификувале германски фирми кои исто така ќе вршат надзор на работата на тие комплекси.
Потсетувајќи дека од 11 јуни се обновени авионските летови во шест града и дека туристите полека доаѓаат во Турција, Чавушоглу изјави дека е важно Германија да го ревидира издаденото предупредување за патувања во Турција.
„Потребна е ревизија на објективните параметри. Нашите германски пријатели сакаат да одмораат во Турција“, изјави Чавушоглу.
Истакнувајќи дека Турција и Германија спаѓаат во редот на земјите кои имаат најдобро здравство во светот, Чавушоглу изјави дека е потребно да се користат објективни параметри и дека по таквите параметри Турција без сомнеж е сигурна за патувања.
„На листата безбедни земји на ЕУ се наоѓаат некои земји кои не ги прикажуваат податоците и не се транспарентни, а ја нема Турција. Гледаме дека некои одлуки се донесени со политички мотиви. Минатата година на одмор во Турција беа 5 милиони германски туристи и сите здрави и задоволни се вратија дома“, изјави Чавушоглу.